Од повеќе причини, може да извршите плаќање на патарината два пати, преку OBU или со купување на патарина за одредена рута. Тоа што најмногу им е грижа на сите транспортери е прашањето за поврат на паричните средства за плаќање на патарината два пати.

Одговорот е позитивен: Да

Како можете да извршите поврат на парите?

Ние како HU-GO партнер, ќе ви помогнеме да ги вратите парите, ако ги исполните следните барања:

1. Сумата на регугуларната патарина и патарината платена преку OBU треба да бидат исти
2. Патарината за рутата за која барате поврат мора да биде не постара од 50 дена од денот на нејзиното купување
3. Мора да ни пратите скенирана копија од патарината на следната адреса: sales@safefleet.eu

Ако ги исполните овие барања, ние ќе помогнеме околу пополнување на документите потребни за поврат на паричните средства.