Надополнување на HU-GO сметката може да ја извршите на повеќе начини.
Проверете каде и како може да ја надополните вашата HU-GO сметка со што ќе заштедите време и пари.
Во согласност со вашите потреби, користете го следното:
1. Картичка за гориво
Надополнување на вашата сметка преку картичката за гориво е еден од најпопуларните методи. Со овозможување на код на клиентот во HU-GO порталот на самата бензинска станица, надополнувањето се врши директно и во реално време и веднаш се врши поврат на ДДВ во повеќето случаеви на бензиската станица.
Картички кои се прифатени за надополнување на HU-GO сметката:
2. Кредитни Картички
Некои компании ја избираат можноста за надополнување на HU-GO сметката, директно преку личната сметка од кредитната картичка. Тоа што е многу значајно, е дека треба да имате пристап до HU-GO сметката и треба да ја имате картичката со вас. Надополнувањето се врши во HUF иако вршите уплата во друга валута.
3. Кеш
Секое HU-GO продажно место ви овозможува да ја надополните својата лична сметка. Исто како во случај на картичка за гориво. Треба да го обезбедите број на вашата HU-GO сметка и парите ќе бидат веднаш достапни на вашата сметка.
4. Плаќање преку сметка
Плаќањето преку сметка не е многу популарен начин на надополнување на HU-GO сметката, но во случај да сакате на ваков начин да вршите надополнување, за неколку работи треба да водите сметка:
- времето за кое паричните средства ќе ви бидат достапни е 4 дена
- банките задржуваат банкарски провизии
Ако одлучите за надополнување преку сметка подолу се информациите што ви се потребни:
Компанија: Nemzeti Útdíjfizetési Szolgáltató Zrt.
Сметка од Банка:
10402166-49555557-57541313
IBAN: HU11 1040-2166-4955-5557-5754-1313
Банка:
K&H Bank Zrt., Budapest
BIC/SWIFT code:OKHBHUHB
Chips Univ Id.:295491 (Additional Routing Codes)